Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „БУГАРСКИ НОЖ ВО ГРБ“: Србија се плаши од вето
Регион

„БУГАРСКИ НОЖ ВО ГРБ“: Србија се плаши од вето

07/06/2024

AA

Бугарија ѝ се заканува со вето на Србија и бара почитување на правата на бугарското малцинство во земјата. 

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека Бугарија може да ја преиспита поддршката за Србија кон Европската унија поради, како што кажа, како Белград се однесува кон бугарското малцинство во земјата.

Имајќи предвид дека Софија има историја на блокирање на влез на нови членови, прашање е колку е моќен овој кренат прст, пишува Блиц.

Аналитичарите се поделени околу тоа како би можел да изгледа тој „бугарски нож во грбот на Србија“. Некои сметаат дека заканата е реторичка, други дека не е исклучена таквата можност еден ден.

Во образложувањето на својот став, Радев не само што се закани, туку прецизираше кои услови ќе ги скенира при донесување на одлука.

„Главниот критериум според кој ќе судиме и ќе го поддржиме напредокот на земјите од Западен Балкан е токму положбата на нашите сонародници во секоја земја – условите за економски и социјален развој и пред се нивната способност да го бранат својот национален идентитет, јазикот, културата и историската меморија“, појасни Радев.

Блиц потсетува дека Радев пред три години бил во Србија кога рекол дека „за тоа национално малцинство во Србија е постигнато многу“, па се поставува прашањето што се сменило, и тоа токму сега.

Заканата дојде ненајавена, но не треба да се игнорира со оглед на тоа што Бугарија пред три години стави вето на процесот за пристапување на Македонија во ЕУ, обвинувајќи ја владата во Скопје за говор на омраза кон Бугарите.

Според последниот попис, во Србија живеат 12.918 граѓани кои се изјаснуваат како Бугари. Најголем дел од нив се во Босилеград и Димитровград. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy