Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРСКАТА ТАКСА МОЖЕ И ДА НЕ „СМРЗНЕ“ И ДА НЕ „СТЕМНИ“ – Владата бара чаре, ако нема, струјата и парното ќе поскапат за 20 отсто
Економија

БУГАРСКАТА ТАКСА МОЖЕ И ДА НЕ „СМРЗНЕ“ И ДА НЕ „СТЕМНИ“ – Владата бара чаре, ако нема, струјата и парното ќе поскапат за 20 отсто

01/11/2023

AA

Северна Македонија нема да се откаже од барањето да се ослободат капацитетите за пренос на руски природен гас. Исто така, ќе бараме и бугарската такса да не важи затоа што е наметната неправедно и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија, најавува премиерот Димитар Ковачевски и додава дека ако има потреба реакциите ќе бидат испратени и пред меѓународните судови.

Ковачевски вели дека реакциите веќе и ги пренел на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а до соодветните директорати веќе реагирал и министерот за економија Крешник Бектеши. 

„И јас и министерот за економија реагиравме во Европската комисија, јас преку претседателката на ЕК, тој преку соодветните директорати дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведена, со оглед на тоа што целокупниот капацитет на влезната страна кон С Македонија е даден од страна на Бугарија на ’Газпром’“, рече Ковачевски.

Според премиерот воведувањето на оваа такса во нашата држава ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплувањето за 20 отсто. 

„Побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на ’Газпром’ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа“, додаде Ковачевски.

Минатата недела, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Северна Македонија не ја оспорува таксата која ја воведува Република Бугарија за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија, туку ги оспорува количините кои тие ги загарантирале за „Газпром“ во однос на гасоводот со нашата земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy