Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРСКАТА „АКТАЕЛ“ ГО ОБЕЗБЕДИ БЛОК ТРАНСФОРМАТОРОТ ЗА РЕК БИТОЛА!? – без лиценца учествувале на повикот за набавка на гас
Економија

БУГАРСКАТА „АКТАЕЛ“ ГО ОБЕЗБЕДИ БЛОК ТРАНСФОРМАТОРОТ ЗА РЕК БИТОЛА!? – без лиценца учествувале на повикот за набавка на гас

29/01/2023

AA

Државната компанија што го превзема работењето на топланите во Скопје преку соопштение сподели дека е избран понудувач што ќе обезбеди гас за февруари, но фиксната цена значи дека ќе се плати од еден до потенцијални три милиони евра повеќе од потребното. 

Имајќи предвид дека природниот гас почна да се продава по сè пониски цени, пазарните движења изминатиов период за многу држави значеа олеснување, но ова не важи и за Македонија, затоа што ние и понатаму го набавуваме енергенсот поскапо од ситуацијата на берзите.

Според тоа што беше содржано во повикот, потребите на ЕСМ за февруари би можеле да се движат од минимални 2.200 MWh до максимални 3.500 MWh природен гас на дневно ниво. Доколку се направи споредба меѓу цената на македонската компанија и оние на двете бугарски компании, станува јасно дека државата ќе плати поскапо за гасот и тоа речиси два милиони евра за минимална и речиси три милиони евра за максимална потрошувачка. Притоа, од „Макпетрол“ споделија и дека нивната цена е важечка за редовните потрошувачи на компанијата, а според актуелните прогнози истата веројатно ќе има и тенденција на намалување.

Придржувајќи се до правилото понудувачите да достават фиксни цени, „ЕСМ продажба“ преку соопштение ја извести јавноста дека на повикот се јавиле две бугарски фирми. За победник е избрана истата што обезбеди гас за јануари, „Балкан Јутилитис“, која понудила 98,71 евра за мегават-час. Вториот учесник, „Актаел“, исто така, е од нашиот источен сосед, а тие доставиле цена од 99,83 eвра за мегават-час.

Дел од македонските медиуми, пак, споделија дека цената на „Макпетрол пром-гас“ на денот кога беше објавен победникот на тендерот била 71 евро за мегават-час.

Сето ова укажува на несоодветно работење што воопшто не ја следи логиката на слободниот пазар, но со јавниот повик за набавка на природен гас се јавија и други недоследности. 

Имено, едната бугарска фирма „Актаел“, ниту поседува лиценца за трговија со овој енергенс во земјава, ниту, пак, закупила капацитет за воопшто да може да го донесе гасот во државата. Бугарската регулаторна комисија на „Актаел“ издала лиценца за работа кај нашиот источен сосед на 23 јуни 2022 година. Таков документ тие не поседуваат за Македонија. Правилата велат дека на нив воопшто и не би требало да им се дозволи да учествуваат во јавниот повик за набавка на гас.

Поврзаноста меѓу ЕСМ и „Актаел“, сепак, не започнува од овој јавен повик за набавка на гас. Оваа бугарска фирма во јули 2022 година на македонската државна компанија продала блок-трансформатор за РЕК Битола за речиси 6.5 милиони евра. И покрај тоа што се работи за значителни средства, за оваа набавка не е спроведен тендер, односно истата е направена со непосредна спогодба. Блок-трансформаторот доцнеше со испорака, што резултира со одложување на стартот со работа на третиот блок во РЕД Битола. За ова доцнење, државата ќе мора да плати околу 200 илјади евра пенали, а додека овој процес течеше, Македонија беше принудена да увезува струја за која што плати над 40 милиони евра.

Либерализацијата на пазарот со гас се споменува како причина за последните случувања при набавките, а освен тоа што е целосно неточно – имено, пазарот е одамна либерализиран – на последниот повик не е поканет „Макпетрол“ иако има огромно искуство и кредибилитет во овој сектор. 

Имено, компанијата сподели дека и покрај тврдењата на „ЕСМ продажба“, тие не добиле покана за учество на последниот повик за набавка на гас за февруари. 

Притоа, „Макпетрол“ истакна дека одбива да биде набљудувач и покритие во тендери што очигледно фаворизираат еден учесник и затоа не поднесе понуда на јавниот повик за набавка на природен гас. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy