
БУГАРИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ: И нив им бегаат непалските работници
Работниците од Непал бегаат од Македонија, но такви случаи има и во соседна Бугарија. Бугарски медиум пишува дека непалските работници бегаат во Европа.
Тие нелегално ја напуштаат државата како бегалци, иако им се издадени тримесечни шенген визи. За проблемот алармираат хотелиери од Сончев Брег, кои тврдат дека не се работи за изолирани случаи, туку за масовна појава, пишува Телеграф.бг. Досега над 5.000 Индијци и Непалци избраа да работат во Бугарија.
„До минатата година таков проблем не постоеше. Но, од оваа сезона работниците што ги ангажиравме со договори за работа од Индија, Пакистан, Бангладеш и Непал почнаа да бегаат. Овде ги оставаат багажот и документите. Не земаат ни пасоши, ни визи – ништо, бегаат со облеката на грб. Ниту платите не ги земаа. Двајца од моите работници побегнаа синоќа. Утрово поднесов пријава во полиција, но немам поим дали се трага по нив и што се прави. Проблемот е сериозен“, вели хотелиерот Веселин Налбантов, кој е и потпретседател на Бугарската асоцијација на хотели и ресторани.
Податоците покажале дека бегалците главно се млади мажи на возраст од 20 до 30 години.
И во Македонија, непалски работници „исчезнаа“ од Скопје, Прилеп, Пехчево.
foto freepik.com