
Бугарите делат бугарски пасоши на Македонците во Албанија
Бугарија и натаму дели пасоши на Македоцните во Албанија.
Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши. Таа наведува дека соработката меѓу Албанија и Бугарија продолжува.
Голо Брдо опфаќа 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци, а другите се мешани со Албанци. Бугарската фондација Македонија неодамна најави отворање на бугарски културен клуб во Пустец, но бидејќи нема дозвола од институциите, ќе почекаат.