Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугаринот го намамил Игор Николовски со секс, па го убил за пари
Магазин

Бугаринот го намамил Игор Николовски со секс, па го убил за пари

28/04/2023

AA

Договор за секс е причина за убиството на 50-годишниот Македонец, Игор Николовски во Сончев Брег, пишува бугарски Flagman.bg. Ова станало јасно по вонредниот брифинг на ОДМВР-Бургас и Окружното обвинителство. Комесарот Калојан Калојанов и надзорниот обвинител Иван Кирков објавиле детали за тешкото кривично дело извршено во одморалиштето од страна на 14-годишниот Михаил.
 
Веројатно убиството се случило во саботата, а исчезнатиот Македонец во вторникот наутро го пријавил неговиот внук, со кого дошле овде на работа во текот на летната сезона.Истиот ден беше прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камерите, откривајќи дека Игор патува со малолетник. Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во Несебар и додека разговарале со него добиле порака за пронајдено тело. Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејствија за утврдување на вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејствија е утврдено дека тој е сторителот на убиството, изјави високиот комесар Калојанов.

 

Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден кога договориле сексуален контакт и за таа цел отишле во шумичката во областа на објектот „Бачвата“. По пристигнувањето, Михаил се повлекол од ветувањето, Игор се налутил и  го повлекол, па во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.

Михаил има криминално досие, против него се водат и други предистражни постапки – за разбојништво и кражба. Не е познато дали посетува училиште и е од семејство со низок социјален статус.

 Михаил претходно истепал со дрвен кол и украински државјанин и му го одзел златниот накит.

Обвинителот Иван Кирков објасни дека уапсениот е обвинет по чл. 115. Меѓутоа, поради неговата возраст, максималната казна што може да ја добие е до 5 години затвор. Доколку обвинението се преквалификува во убиство од корист, казната може да биде поголема, рече обвинителот Кирков.

Македонскиот државјанин, според информациите, пристигнал на Сончев Брег два дена пред убиството. Работел кај бугарски бизнисмен, тука во летната сезона, а во зима – во Банско.

 
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy