
Бугарија уште не одговорила на барањето на Обвинителството за адресата на Пендиков
Бугарските власти сѐ уште не одговориле на барањето од охридското Основно јавно обвинителство да ја добие адресата на која престојува охриѓанецот Христијан Пендиков за да може да го повикаат на распит за случајот со неговото претепување, јавува Слободен печат.
„Основното јавно обвинителство Охрид, преку инструментот за меѓународна правна помош, упати барање до бугарските власти за да ја обезбеди адресата на која престојува оштетениот. Одговорот на барањето сѐ уште се очекува. Обвинителството има потреба од оштетениот во рамките на постапката која се води против второто осомничено лице“, велат од Јавното обвинителство за „Слободен печат“.
Според Обвинителството, постапката може да се води и без неговиот исказ, односно врз основа на другите обезбедени докази.