
БУГАРИЈА СЕ СПРЕМА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОЗОНАТА: Koга официјално ќе го прифатат еврото?
Eвропската Унија(ЕУ) ќе ја одобри кандидатурата на Бугарија за усвојување на еврото уште на 1 јануари 2026 година, со што таа ќе стане 21. членка на еврозоната.
По долгогодишно чекање, неколкумина официјални лица изјавија за „Политико“ дека се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно да дадат зелено светло во извештајот, што ќе биде објавен следната среда. Пристапувањето на Бугарија кон еврозоната ќе ѝ помогне на земјата да ја зајакне трговијата со остатокот од блокот, да ги намали трансакциските трошоци и да го зајакне своето влијание во Брисел.
„Приклучувањето кон еврозоната само ќе го зајакне суверенитетот на Бугарија и ќе учествуваме во процесот на донесување одлуки на ЕЦБ“, изјави Атанас Пеканов, бугарски економист и поранешен вицепремиер на земјата.
Усвојувањето на единствената валута може да предизвика зголемување на цените и особено да им наштети на посиромашните граѓани во руралните области. Стравувањата се дека инфлацијата би ги погодила основните добра, како зеленчукот на пример.