Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИЈА ГО ОДБИ АКЦИСКИОТ ПЛАН На Софија ѝ пречел македонскиот јазик, открива Мицкоски
Македонија

БУГАРИЈА ГО ОДБИ АКЦИСКИОТ ПЛАН На Софија ѝ пречел македонскиот јазик, открива Мицкоски

04/01/2026

AA

Жалам што уште еднаш ја пропуштија шансата да покажат дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го оспорувањето на Акцискиот план за малцинствата од страна на Бугарија, со образложение дека документот бил подготвен на македонски јазик.

Во изјава за медиумите, претседателот на Владата посочи дека се случило токму она за што претходно ги предупредил партнерите во Брисел, дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија.

– Ниту една земја членка нема забелешка, ниту едно малцинство во Македонија не се спротивстави, бидејќи имаше јавна дебата. Но, проблем било тоа што документот бил на македонски јазик. Простете, но мојот мајчин јазик е македонски, официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот и нема друг. Ако некому тоа му пречи, јас тука не можам да помогнам и жалам што е така – изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Сопиште, премиерот нагласи дека сè било направено согласно барањата, прифатени биле сугестиите на експерт од Италија при изработката на Планот, а било исполнето и барањето од Брисел документот „ден однапред да се достави до Бугарија, како гест на добра волја“.

– Така и направивме, го испративме ден однапред. Но, им пречело што е на македонски јазик. Тој е официјален јазик според Уставот и ниту јас, ниту министерот можеме да го кршиме Уставот. Ако некој очекува документот да биде испратен на друг јазик, ние таков јазик немаме согласно Уставот, тоа е македонскиот јазик – рече Мицкоски.

Според него, ваквите реакции уште еднаш покажуваат дека прашањето не е поврзано со малцинствата или со Бугарите во Уставот.

– Имаат многу подлабоки корења нивните барања и подлабоки се проблемите. Уште еднаш се покажува дека нивната намера е сосема поинаква – истакна премиерот.

Мицкоски додаде дека Владата во моментов нема активни контакти со Бугарија, но дека стои на располагање за разговори во секое време и на кое било место.

– Стоиме на располагање, било кога и било каде, во која било организација, да ги претставиме нашите аргументи. Сè ќе прифатиме, нормално – освен внесување во Устав. Сите забелешки ќе ги разгледаме, но не можам да се откажам од мојот мајчин македонски јазик – нагласи Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy