Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бугарија да ги гарантира правата на македонското малцинство“, бараат ОН
Македонија

„Бугарија да ги гарантира правата на македонското малцинство“, бараат ОН

10/12/2023

AA

На македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собир и здружување. Поради ова постои загриженост, се вели во новиот извештај на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Обединетите нации (ОН).

„Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и Македонците и Помаците. Сепак, Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување“, стои во забелешките за Бугарија од ОН.

Во извештајот уште се наведува дека постојат пречки за регистрација, односно македонските здруженија се одбивани од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите.

Официјалната позиција на Бугарија е дека не постои македонско малцинство на нејзина територија, а со посебна декларација во Европската Унија изјави дека не го признава македонскиот јазик.

Бугарија не ги почитува ниту 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права, а за тоа беа потсетени минатата година од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа. Тогаш беше побарано Бугарија да дозволи и регистрација на здруженија чија цел е признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Комитетот препорачува државата членка да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на ефективно уживање на човековите права од страна на лицата кои припаѓаат на етничките малцинства, вклучително и македонските и помачките малцински групи, вклучително и преку спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, релевантни на правото на слобода на изразување и слобода на здружување“, стои во извештајот на Обединети нации за 2023 година.

Од друга страна пак Македонија ја има обврската за внесување на Бугарите во Уставот. Чекор кој мора да се направи, за да се продолжи по европскиот пат. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, сè уште е оптимист.

„Пораката на американскиот државен секретар до ВМРО беше порака каква што не сме слушнале во историјата на оваа држава. Порака од нашиот најголем стратешки партнер, каде му вели на лидерот на опозицијата дека ако не покаже која е алтернативата, не би имал никаква вредност од него, т.е. Немаше ни да гласам. Сега е нашата идеална можност и не може народ да биде заложник на група националисти. Македонија може да остане изолирана бидејќи некои земји ќе се движат побрзо и ќе бидеме заборавени. Уставните измени треба да се случат пред мај“, изјави вчера Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Денеска на 10 ти декември, низ целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на човековите права и оваа година се одбележуваат 75 години од декларацијата за човекови права на ОН. Според неа „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
Македонија

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска

28/11/2026
Македонија

СОПРУГОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ГОСТИВАРКАТА СМЕСТЕН ВО БАРДОВЦИ, ПОВРЕДИЛ И

28/11/2026
Македонија

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ МОРА ДА ОСТАВАТ 10% ОД СТАНБЕНАТА ПОВРШИНА ЗА

28/11/2026
Македонија

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ГОСТИВАРКА Активирана е

28/11/2026
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46977
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА Во „Бехтел и

28/11/2026

Околу 1.200 нови, добро платени работни места се отвораат со забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Вицепремиерот и

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19 години од Охридско побарала помош

28/11/2026

Девојка на 19 години од Охридско во петокот, 28 ноември пријавила семејно насилство во полицијата. Според нејзината пријава, во нападот

ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ ОД 20% Јаневска не гледа логика во најавениот

28/11/2026

Проектот за проширување на мерката за субвенциониран студентски оброк преку апликацијата „М-услуги“ се развива со забрзано темпо, информираше денеска министерката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy