Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бугарија ја натера Македонија да се откаже од рускиот гас
Економија

Бугарија ја натера Македонија да се откаже од рускиот гас

05/12/2023

AA

Македонија и официјално се откажа од рускиот гас во последниот јавен повик за набавка на овој енергенс за двете топлани во Скопје преку кои се обезбедува загревање за домаќинствата и фирмите.

Во последниот месечен оглас за декември за прибирање на понуди за набавка на природен гас од страна на ЕСМ е преформулирана содржината на понудата, во која покрај техничките услови, за прв пат експлицитно се бара енергенсот да не е со потекло од Русија.

Во една од точките се бара „Сертификат за потекло на природниот гас со кој се гарантира дека природниот гас не е со потекло од Руската Федерација“. Дополнително доколку операторот нуди руски гас, се бара самиот да си ја плаќа екстра таксата што ја воведе Бугарија, што алудира на тоа дека ги губи шансите да биде конкурентен со испорака на руски гас.

Во уште една нова точка, како следна, се бара од понудувачот да гарантира дека се платени сите дополнителни трошоци, како заштита евентуално ЕСМ да не дојде до ситуација да треба да ја плаќа таксата што Бугарија од 13 октомври ја наметна за дополнителни 10 евра за мегават час за руски гас што минува низ бугарска територија.

Во сите претходни месечни огласи на ЕСМ за време на тековната и претходната грејна сезона, откако ги презема двете топлани од БЕГ, единствено се бараше од понудувачите да наведат „земја на потекло на приорден гас“.

ЕСМ се уште го нема објавено избраниот оператор за снабдување за месец декември, додека во претходните два месеци од грејната сезона – октомври и ноември, договори се склучуваа со бугарската фирма „Грејстон“.

Минатата недела министерот за економија Крешик Бектеши, заедно со претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, и директорот на Номагас, Бајрам Реџепи, оствари работен состанок во Скопје со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, а тема беше таксата за руски гас којашто ја наметна Република Бугарија. Беше договорено заеднички да се преземат сленди чекори за отстранување на таксата на руски гас што ја наметна Бугарија „како нелегална и непријателски чин“.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy