
Будуќност загуби од Студентски центар, навивачите отидоа да се пресметаат со играчите (ВИДЕО)
Скапиот состав на црногорскиот првак се наоѓа во мала криза, во последните пет кола доживеа три порази, а тоа не им се допадна на фановите. Веднаш по завршувањето на натпреварот во „Морача“, најзагреаните навивачи на Будуќност се обидоа физички да се пресметаат со играчите на теренот, но обезбедувањето и полицијата спречија поблизок контакт.
Тоа не ги обесхрабри лутите навивачи кои излегоа од салата и преку службениот влез дојдоа до соблекувалната на Будуќност каде имале жестока расправија со кошаркарите, на раб на тепачка. За среќа, се се завршило за неколку минути и без поголеми последици.
