
Буџетот за 2024 усвоен на Влада, за плати 18 отсто повеќе пари
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими објавија дека на денешната седница на Влада е усвоен предлог буџет за 2024 во висина од 343,6 милијарди, или околу 5,5 милијарди евра.
Буџетото ќе биде поголем за 10 отсто, а буџетскиот дефицит треба да биде намален за 150 милиони евра. Тој ќе изнесува 3,4 проценти од планираниот БДП следната година.
Министерот Бесими рече дека следната година ќе бидат потребни за 18 отсто повеќе пари за платите во јавниот сектор поради новиот општ колективен договор.
Несими уверуваше дека јавниот долг ќе остане во рамките на 60 отсто од БДП. Во делот на фискализација, Бесими очекува да се зголеми наплатата за 17,4 отсто кај персоналниот данок, како и над 18 отсто да се зголемат средствата од данокот на добивка.