
Бујар Османи собрал најмногу потписи, по него следуваат Ванковска и Димитриевски
Државната изборна комисија направи пресек на пристигнатиот број на потписи за подносителите.
Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 11 подносители на иницијативи за кандидирање за Претседател на државата собираат потписи за кандидати.
Од ДИК велат дека вчера на првиот ден од отпочнувањето со собирање потписи, најмногу потписи собрал кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.
По него следат Максим Димитриевски од ЗНАМ-за наша Македонија и кандидатката од Левица, Билјана Ванковска Цветковска.
Вкупно собрани потписи:
1. Вело Марковски 98
2. Билјана Ванковска Цветковска 1105
3. Томе Николоски 0
4. Бујар Османи 3261
5. Господин Поповски 0
6. Максим Димитриевски 1594
7. Стевчо Јакимовски 658
8. Ѓорѓи Манасков 21
9. Арбен Таравари 1
10. Мерсиха Смаиловиќ 0