
Бујар Османи му честиташе на Косово за стартот на визната либерализација
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, му честиташе на Косово за визната либерализација кон земјите на ЕУ, нарекувајќи го ова историски момент за напредокот на регионот во целина.
„Честитки до Косово за постигнувањето на визната либерализација со отворање на нови можности за патување и проширена соработка, промовирање на поголеми врски. Важен историски момент за напредокот и просперитетот на Косово, неговиот народ и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“, напиша Османи на Х.
Граѓаните на Косово отсега можат да патуваат без визи од 1 јануари.