Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поради вулкан во Индонезија: Над 2.200 луѓе се евакуирани
Македонија

Поради вулкан во Индонезија: Над 2.200 луѓе се евакуирани

02/01/2024

AA

Зголемената вулканска активност во источна Индонезија принуди евакуација на повеќе од 2.200 жители. Тие се сместени во привремени засолништа, пренесува АФП, повикувајќи се на локалните медиуми.

Според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности (ПВМБГ), вулканот Левотоби Лаки-Лаки (познато како Мале Левотоби) во провинцијата Источна Нуса Тенгара еруптираше неколку пати во последните неколку недели.

Во својата најнова активност, исфрли вулканска пепел на 1,5 километри над врвот. Зафатени се два подобласти во близина на планината, која го носи и името Левотоби. Таму живеат илјадници локални жители кои мораа да ги напуштат своите домови.

„Во моментов имаме 1.931 евакуирани од Вулангитанг и уште 328 од Ил Бура“, изјави Бенедиктус Болибапа Херин, претставник на локалната општина. Тој додаде за АФП дека бројот на евакуирани може да се зголеми бидејќи повеќе луѓе бараат засолниште од вулканот.

Пепелта од вулканот принуди привремено затворање на аеродромот Франс Седа, кој се наоѓа на повеќе од 80 километри од планината, објави државната новинска агенција Антара.Архипелагот во Југоисточна Азија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област со интензивна вулканска и сеизмичка активност. Минатиот месец еруптираше планината Марапи, што значи „огнена планина“, на островот Суматра, при што загинаа 23 лица. Во Индонезија има вкупно околу 130 активни вулкани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следува зголемување на платите за припадниците на Армијата

26/06/2026
Македонија

Македонски државјанин вмешан во нарко-мрежа што шверцувала кокаин во Европа

26/06/2026
Македонија

„Маршот на ангелите“ продолжува: Во сабота 46. протестен марш во

26/06/2026
Македонија

УХМР предупредува: Доаѓа топлотен бран, температурите ќе достигнат до 39

26/06/2026
Македонија

Алиу: Во политиката сум за да менувам работи, а не

26/06/2026
Македонија

Приведен маж од Кочани, возел без возачка дозвола – во

26/06/2026
Македонија

Анима Мунди бара итно затворање на ЗОО Скопје по бегството

26/06/2026
Македонија

Од 1 јули стартува летната забрана за камиони над 15

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43959
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy