
Бујар Османи доби син, ќе се вика Луан!
Денеска има прослава во домот на министерот за надворешни работи Бујар Османи по повод раѓањето на третото дете.
Тој веста ја објави на својот Фејсбук профил:
Драги пријатели, Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме раѓањето на нашето трето дете, Луанит. Неговото име ја симболизира силата и храброста што се надеваме дека ќе ги инспирираме во него додека им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство. Раѓањето ја зајакнува мојата посветеност не само кон моето семејство, туку и кон семејствата на кои им служам. Топли поздрави“, напиша Османи.
