
БРЗААТ КОН ЕУ: Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја до декември
Унгарија ја поддржува Црна Гора за влез во Европската Унија(ЕУ). Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја со ЕУ до декември.
„Црна Гора е подготвена за приклучување кон Европската Унија и направи значителен напредок на тој пат“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, на средба со неговиот црногорски колега Милојко Спајиќ во Будимпешта.
Посочи дека се договориле Црна Гора да затвори одредени преговарачки поглавја со ЕУ до декември, извести црногорската национална телевизија РТЦГ.
„Црна Гора е најподготвена за влез во ЕУ и голем дел од преговарачките глави веќе требаше да бидат затворени. Ќе направиме сè ова да се реализира додека Унгарија претседава со ЕУ“, изјави Орбан.
Орбан истакна дека во сегашната меѓународна ситуација конкурентноста на ЕУ се намалува и дека е потребно нешто да се промени. Унгарија го поддржува проширувањето.
Албанија почна преговори скоро, а Македонија останува во чекалната.