Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРНАБИЌ ЗА СЕВЕРИНА: Жал ми е што нема да дојде, нема да можам да спијам
Регион

БРНАБИЌ ЗА СЕВЕРИНА: Жал ми е што нема да дојде, нема да можам да спијам

29/08/2024

AA

Aктуелната претседателка на српското Собрание, Ана Брнабиќ изјави дека жали што Северина нема да дојде во Србија и дека нема да може да спие поради тоа. 

Брнабиќ за телевизијата Пинк изјави дека полицијата сакала да слушне што мисли Северина за литиумот, но и кој е нејзиниот став за Сребреница. Северина изјави дека нема да дојде во Србија додека српскиот претседател Александар Вучиќ е на власт, на што Брнабиќ иронично рекла дека поради тоа нема да може да спие.

„Многу ми е жал што Северина нема да дојде во Србија, што би рекла „додека е диктаторот Александар Вучиќ на власт“ нема да можам да спијам“, рече Брнабиќ. 

Претходно, претседателот  се осврна и на неколкучасовното задржување на Северина на граница.

„И мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која го мислам најлошото. Мораме да се разликуваме од нив“, коментираше Вучиќ.

Откако беше приведена на граница, Северина кажа каков бил односот кон неа. 

„За време на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето литиум и напишав дека ова е Србија што ја сакам. Го допреа и Јасеновац, стигнаа и до Туѓман. Дали треба да кажам дека полицаецот во неговите 30-ти постојано се обидуваше да ми објасни дека само си ја вршел работата, затоа што јас сум јавна личност и имам општествено влијание, па еве… никогаш нема да дојдам во Србија повторно додека овој човек не си замине од власт. Сите добро знаеме кој“, рече таа.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на граница „лицемерно и цинично“ се користи за напади врз Србија и дека таа нема забрана за влез, туку е повнимателно следена и контролирана, но повеќе нема да биде на списокот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за кражба на дрва и пустошење шума во

03/03/2026
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026
Македонија

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026
Македонија

Синоќа приведени девет лица поради возење без возачка дозвола, за

03/03/2026
Македонија

КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ТЕНДЕРИ ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО! Наврeдите нема

03/03/2026
Македонија

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе

03/03/2026
Македонија

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет

03/03/2026
Македонија

59-годишна жена почина по удар од возило во Злетово

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за кражба на дрва и пустошење шума во гостиварско

03/03/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н.(64) и М.Н.(41), двајцата од с.Речане, гостиварско, поради постоење основи

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026

Трагедијата што вчера го потресе Скопје отвори сериозни прашања за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на својата официјална посета на Скопје и средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy