
Брнабиќ за ЕУ: Навистина не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат
Како на мало девојче да му кажат дека здолништето ти е предолго, пресоблечи се, а потоа велат – а сега е прекратко, вели српската премиерка Ана Брнабиќ за членството во ЕУ.
Таа вели дека е уморни од чекање. Кажа дека што и да прават не е доволно добро, но дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од Европската унија. Таа посочи дека Северна Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија е во преговори и 10 години од почетокот на преговорите.
„Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека извезуваат во ЕУ, работните места се од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ.
„Навистина не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат“, изјави Брнабиќ.
Сепак, Србија е земја која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина, за што повеќе пати укажаа европските челници.
