Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Брижит Макрон тужи за клевета по тврдењата дека во 30-та година го сменила полот
Македонија

Брижит Макрон тужи за клевета по тврдењата дека во 30-та година го сменила полот

11/04/2024

AA

Брижит Макрон ја тужи за клевета новинарката Наташа Реј, која тврдеше дека првата дама на Франција е родена како маж. Рочиштето е поместено од март 2025 година на 19 јуни 2024 година на барање на адвокатот на сопругата на Емануел Макрон, а по тврдењето на Реј дека Брижит е родена под името Жан-Мишел Троње.

– Новинарката Наташа Реј ги изнесе наводите за Брижит Макрон во интервју на Јутјуб во 2021 година и гласините се проширија оттогаш, рече адвокатот на француската прва дама и побара сослушувањето да се забрза бидејќи се појави загриженост откако таквите гласини се проширија надвор од Франција во Америка.

– Во последните недели, особено на меѓународен план, преку инфлуенсерката Кендис Овенс, која го пренесе сето ова, штетата по мојата клиентка од ден на ден се зголемува, рече тој.

Во интервју за Le Nouvel Obs, Наташа Реј изјави дека нема да може да присуствува на сослушувањето во јуни, бидејќи боледува од рак. Нејзиниот адвокат потврди дека на денот на судењето ќе достави ново лекарско уверение.

Таа, заедно со медиумот Амандин Рој, минатиот месец беше казнета со „симболична казна“ поради тврдењата за Брижит Макрон. Судот во Нормандија им нареди да платат по 1.700 фунти и беа прогласени за виновни за клевета. Казните беа намалени по жалбата.

Рој мораше да плати 850 фунти, а Реј 400 фунти. После тоа двете рекоа дека владата ги заплашила и дека ултра заштитениот естаблишмент во Париз крие државна тајна.

Во интервју од 2021 година дадоа контроверзни изјави, а името Жан Мишел Троње е всушност името на братот на Брижит Макрон, пишува Дејли Мејл. Првата дама на Франција пред бракот со Макрон се презиваше Троње.

Тоа видео траеше четири часа, а имаше 470.000 прегледи пред да биде избришано од Јутјуб. Во 2021 година, Фигаро објави дека првата дама на Франција планира да ги тужи оние кои започнале теории на заговор за неа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy