
БРИТАНИЈА ДА ГИ ПРЕИСПИТА ОДНОСИТЕ СО СРБИЈА: Пратеничка ги мобилизираше колегите и бара реакција откако Вучиќ беше во Москва
Бурни реакции има за Србија откако претседателот Александар Вучиќ на 9 мај беше во Русија.
Над 20 членови на британскиот парламент побараа од Владата на Обединетото Кралство да го преиспита својот однос со Србија, откако претседателот Вучиќ присуствуваше на воена парада во Москва на 9 мај.
Пратеничката Ема Левел објави на социјалната мрежа X дека испратила официјално писмо до министерот за надворешни работи, во кое бара „значајна промена“ во британската надворешна политика кон Србија. Таа вели дека писмото го потпишале уште 25 пратеници.
Во писмото се додава дека Србија, под водство на Вучиќ, ги интензивирала врските со рускиот претседател Владимир Путин и дека е единствената земја-кандидат за членство во Европската Унија која не вовела санкции против Русија, и покрај, како што нагласува, „страшните злосторства против Украина од 2014 година“.
Вучиќ и претходно доби предупредување дека не би требало да патува кај рускиот претседател Владимир Путин.
Како што вчера кажа српскиот претседател, Александар Вучиќ, атмосферата за отворање поглавја во Европската Унија(ЕУ) „не е многу добра“.