Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС – еве што е маката на струмичкото претпријатие
Економија

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС – еве што е маката на струмичкото претпријатие

29/03/2024

AA

Британците купиле одлична количина на текстилни производи и за нив
искеширале солидни пари, но тие не му помогнаа на струмичкото претпријатие
„Единство“ да работи профитабилно. Напротив, оваа текстилна компанија во својот
Биланс на успех пријави огромна загуба од 1,42 милиони евра.

Од образложението кое го дадоа до инвеститорската јавност може да се види
дека фирмата продала земјиште и објекти кои ги поседувала, а разликата меѓу нивната
продажна и сегашна вредност довела до огромната загуба.

„Во
текот на истиот период, компанијата ги има продадено во целост земјиштето и
градежните објекти кои го поседуваше.
Поради разликата која се јавува меѓу продажната и сегашната вредност од
продажбата, компанијата има искажано загуба од продажба на недвижен имот, во
износ од 84.713 илјади денари“, се
вели во образложението.

Но, да одиме со ред, во поглед на ставките на Билансот на успех.

Оперативните приходи кои ги остварило „Единство“ се одлични и тие
изнесуваат близу еден милион, или прецизно 955 илјади евра. Во однос на
претходната година се зголемени, и тоа за 18 проценти. Од нив најголем дел
отпаѓаат на приходи од продажба, и тоа 906 илјади евра, што, пак, е раст за 21
процент. И, она што го говори самиот извештај, е дека речиси целите приходи од
продажба, или 895 илјади евра, се остварени на странскиот пазар. Во однос на
една година претходно тоа е фасцинантно зголемување за 43 проценти.

„Во
најголем дел, приходите претпријатието ги оствари од производство на текстилна
облека за странскиот пазар. Најголем купувач е ‘Кашкет Партнерс’ од Обединетото Кралство“, се вели во образложението од компанијата.

На веб страницата, пак, на „Kashket & Partners of London“, стои дека се водечки специјалисти за дизајн, развој и производство на висококвалитетни униформи за свечени и парадни облеки. 

„Нашиот посветен тим од повеќе од 40 нарачани кројачи и вешти занаетчии го развиле својот занает во текот на стотици години и се вешти во одржувањето на нашите најсовремени униформни производствени способности“, се вели на нивната веб страница.

„Ние сме горди што можеме да кажеме дека сме дел од секоја парада – изработувајќи униформи кои се веднаш препознатливи на меѓународно ниво како симболи на Лондон и Велика Британија, од црвените туники на чуварите пред Бакингемската палата до униформата за облекување и соблекување на Јеомен Вордерс – “ The Beefeaters“ – на Лондонската кула“, нагласиле од компанијата „Kashket & Partners of London“ 

Додека, пак, на домашниот пазар „Единство“ не продале речиси ништо, или смешна
сума од околу 10 илјади евра. Во 2022 година не било така, туку сепак имало
каква таква продажба која изнесувала 125 илјади евра, па затоа намалувањето во
2023 е за цели 92 проценти. Но, директорите на „Единство“ најавуваат сопствена
модна програма и во иднина многу поголемо учество на домашниот пазар.

„Важен
сегмент во деловната политика во изминатиот период беше задржување на бизнисот
со постојаните деловни партнери од странство и задоволување на нивните барања.
Како идни проекти кои компанијата ги има зацртано се обнова на машинскиот погон
и компјутеризација на истиот, создавање сопствена модна програма со која
компанијата ќе учествува на домашниот пазар во поголема мера“, се вели во текстот напишан од директорите.

И, се нагласува дека за подобрување на машинскиот парк, во
текот на извештајниот период, компанијата има направено инвестиции, односно купено машини за
шиење во износ од околу 22 илјади
евра.

На расходната страна, пак, оперативните расходи се зголемени за три пати, или
за 202 проценти, достигнувајќи дури 2,26 милиони евра. И притоа, огромен пораст
има кај останатите расходи од работењето, кои се искачиле на дури 1,4 милиони
евра, откако претходната година, пак, биле речиси непостоечки. За плати пак фирмата
потрошила 552 илјади евра, што е раст за 20 отсто во поднос на една година
претходно.

Сето тоа довело до оперативна загуба од 1,42 милиони евра, а со оглед што
се ниски финансиските приходи и расходи, конечната загуба е речиси идентична.  

Во тековната година,
вкупните кредитни задолжувања изнесуваат 59 илјади евра, додека овој износ минатата година бил околу 24 илјади евра.

Инаку, во јануари годинава, имаше акционерско собрание на „Единство“, на кое се донела одлука за преобразба од акционерско друштво – во друштво со ограничена одговорност. Но, тоа очигледно се уште не е
реализирано, бидејќи с
поред состојбата од ЦДХВ, „Единство“ од Струмица уште
е АД, со вкупно 61 акционер, а еден од нив, Сашко Кузмановски, е доминантен, и го поседува
најголемиот пакет акции од 80,86 проценти. Останатите 60 акционери,
пак, располагаат со 40.397 акции, што претставува 19,14 отсто од
вкупниот акционерски пакет акции на компанијата.

Претходно Кузмановски даде понуда за преземање на компанијата, и така стана доминантен акционер.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy