
БРИКС МОЖЕ ДА ФОРМИРА СВОЈ ПАРЛАМЕНТ: Какви планови има Путин?
Рускиот претседател Владимир Путин, вели дека БРИКС може да формира свој парламент во иднина.
„Досега БРИКС нема своја институционализирана парламентарна структура. Но, верувам дека во иднина оваа идеја дефинитивно ќе се реализира“, кажа Путин во своето обраќање на десеттиот парламентарен форум, пренесе РТ.
Тој рече дека настаните како што е парламентарниот форум на групата го зајакнуваат влијанието на БРИКС врз глобалните работи и помагаат „светот да се направи побезбеден и похармоничен“. Рускиот претседател изјави дека со заедничко дејствување, неодамна проширената група ќе може да го отклучи својот потенцијал во економската, инвестициската и технолошката соработка.