
БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?
Уште една држава ќе соработува со БРИКС. Виетнам стана „земја партнер“.
Виетнам е десеттата нација која го добива овој статус, што им овозможува на земјите партнери да учествуваат на самитите и на други сесии и настани на БРИКС.
„Како привремен претседавач со БРИКС, бразилската Влада го објавува формалниот прием на Виетнам како партнерска земја. Бразил ја поздравува одлуката на виетнамската Влада“, се вели во соопштението.
Бразил оваа година го предводи БРИКС и ќе претседава со самитот што треба да се одржи на 6 и 7 јули.
БРИКС е меѓувладина асоцијација основана во 2006 година. На првичните членки Русија, Бразил, Индија и Кина, во 2013 година им се приклучи Јужноафриканска Република, а потоа во заедницата влегоа Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Во земјите од БРИКС живее речиси половина од светското население, групата има 37,3 проценти учество во глобалниот БДП и 43,1 отсто удел во светското производство на нафта.