Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бригаден генерал Лулзим Нуредини назначен за нов командант на Командата за обука и доктрини
Македонија

Бригаден генерал Лулзим Нуредини назначен за нов командант на Командата за обука и доктрини

13/03/2025

AA

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес денеска се одржа свечена церемонија за примопредавање на должноста командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Досегашниот командант, полковник Васко Коколански, ја предаде должноста на бригаден генерал Лулзим Нуредини, кој со указ на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, е унапреден во ова звање и поставен на новата функција.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во своето обраќање изрази благодарност до полковникот Коколански за неговиот придонес во развојот и успешното позиционирање на КОД. На новиот командант, генерал Нуредини, му порача да продолжи со истата посветеност и професионализам, користејќи ги своите знаења и вештини за натамошен напредок на командата.

Бригаден генерал Нуредини се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе продолжи со посветеност во унапредувањето на обуката и развојот на единицата. Во знак на признание, тој му додели Плакета на полковникот Коколански за неговиот придонес во изградбата и развојот на КОД, како и за напорите вложени во подобрување на борбената обука.

Во своето проштално обраќање, полковникот Коколански им се заблагодари на припадниците на КОД за нивната поддршка за време на неговиот мандат, истакнувајќи дека командата ќе продолжи да биде клучен фактор во јакнењето на капацитетите на Армијата.

На свеченоста присуствуваа високи претставници од Армијата, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, кабинетот на претседателката, воено-дипломатскиот кор, локалната самоуправа и други гости.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ВО „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
Македонија

КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПОДНОВИ СО КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

24/09/2026
Македонија

НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА РОДИЛКАТА ОД СТРУМИЦА Имала

24/09/2026
Македонија

ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ

24/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ВЕДНАШ ЗАД УКРАИНА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ Полимаркет

24/09/2026
Македонија

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45772
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ Доби и парична казна и забрана да

24/09/2026

Условна казна од две години затвор, 8.000 евра парична казна и десетгодишна забрана за управување со правни лица доби Љупчо

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ВО „СИНЏИР“ Доби и парична казна и забрана да

24/09/2026

Условна казна од две години затвор, 8.000 евра парична казна и десетгодишна забрана за управување со правни лица доби Љупчо

КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПОДНОВИ СО КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Догодина се планираат и роботски

24/09/2026

Клиничкиот центар до крајот на годинава треба да добие нова Клиника за интензивно лекување и реанимација во рамки на Клиниката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy