
Брера на италијански погон ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)
Струмичани ќе бидат предводени од 47-годишен стратег кој доаѓа од младинскиот погон на Парма, а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и Милан. Валенти две години беше и асистент во стручниот штаб на репрезентациите на Италија до 19 и 20 години. Негов помошник ќе биде Микеле Кавали (56 години), кој има работено во Шахтјор, Сасуоло и Јувентус, додека тренер на голманите ќе биде Алесандро Пегорари, кој има работено со младинските категории во Парма.

„Ќе дадеме сѐ од себе за да ја донесеме нашата идеја и нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал во Струмица. Ние сме млад тим, имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим“, изјави Валенти.
Брера познато пред почетокот на новата сезона го ангажира дефанзивецот Стефан Наумчевски, а наредните денови треба да пристигнат уште неколку нови засилувања, со напомена дека главна цел на клубот е годинава да се даде простор и можност на фудбалерите од сопствениот погон.



