
Брера го позајми Малески од Струга ТЛ
И покрај тоа што беше солиден изминатата сезона во која Струга ја освои титулата, Малески не добиваше шанса во европските натпревари на тимот. Брера Струмица ја искористи неговата ситуација и во своите редови донесе квалитетен играч од нападот кој игра и за репрезентацијата на Македонија до 21 година.
„Христијан Малески од Струга е новото име во редовите на нашиот сениорски состав. 21 годишниот фудбалер кој игра во нападот, во нашиот тим доаѓа како позајмен играч од шампионот Струга Трим Љум каде беше последните две години. Во последната првенствена сезона Христијан регистрираше 23 настапи а има постигнато 7 гола. Паралелно Малески е дел и од фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година каде исто така има забележителни настапи. Овој млад игра веќе се приклучи на нашиот тим и во наредниот период се очекува да дебитира во зелено црниот дрес“, стои во соопштението на Брера.
