
Брентфорд врза 12 натпревари без пораз во Премиерлигата (ВИДЕО)
Брентфорд игра во неверојатна форма, веќе 12 натпревари по ред во Премиерлигата не знае за пораз.
Денеска ги освоија трите бода против тимот на Фулам победувајќи со 3-2.
Пинок донесе водство за домаќините уште во шесттата минута, Соломон на пет минути до крајот на првото полувреме израмни на 1-1.
Во вториот дел Тони и Јенсен дадоа голови за предност од 3-1, а пред последниот судиски свиреж Карлос Винисиус даде гол за Фулам за конечни 3-2.