Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини – хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма
Економија

БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини – хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма

18/10/2024

AA

Ќе дојдат ли Македонците на овие простори до убави и брендирани патики и
друга спортска опрема, а по понисни цени.

Сето тоа засега е во фаза на една убава желба, но можеби и би можело да
стане реалност, доколку се реализира зделката која би се случила меѓу две
странски компамнии, од кои едната, сепак, е поврзана со земјава.

Имено, хрватската компанија Орбико, сака да купи италијанска фирма, во
која влегуваат и фирми ќерки што се занимаваат со производство и продажба на стоки за широка потрошувачка, но и брендирани
артикли, особено спортска и рекреативна облека.

Еве за што точно станува збор.

Хрватската компамнија Орбико ДОО за трговија Загреб, до нашата Комисија за
заштита на конкуренцијата неодамна доставила известување дека има намера да
стекне контрола над ХБИ ИТАЛИЈА АКВИЗИЦИЈА, со седиште во Италија.

Како што напишале од КЗК на нивната веб страница, компанијата ОРБИКО
ДОО за трговија Загреб, чии
предмет на работење е трговија, е присутна и во земјава, и тоа преку Друштвото
за трговија и услуги ОРБИКО ДОО Скопје, чие седиште е во општината Кисела Вода, а чиишто предмет на работење е неспецијализирана трговија на големо.

Е сега, тоа наше македоснко претпријатие, 96,46 отсто е во сопственост на Орбико ДОО за трговија Загреб.

Додека, пак, италијанската фирма која сакаат да ја купат Хрватите, има
предмет
на работење – дејности на холдинг, што
значи дека како фирми ќерки има неколку друштва и тие се следниве: ЧЕМПИОН
ЈУРОП СОЦИЕТА’ А РЕСПОНСАБИЛИТА’ ЛИМИТАТА, чие седиште е во Италија и која има приоритетна
дејност трговија на големо со облека и обувки.

Таа фирма, пак, има во свои рамки други друштва, меѓу кои ЧЕМПИОН
ПРОДУКТС ЈУРОП ЛИМИТЕД, лоцирано
во Даблин,
Ирска, чии предмет на работа е комерцијализација
на спортски производи, управување, развој и контрола на лиценцна активност,
маркетинг и промоција на трговската марка, потоа ШАМПИОН ГЕРМАНИЈА ДООЕЛ, со седиште во Нирнберг, Германија, и со предмет на работење производство,
маркетинг, продажба и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка и брендирани
артикли, особено спортска и рекреативна облека од секаков вид и какви било
додатоци за тоа, и обезбедување услуги поврзани со овие производи, како и
управување со различни деловни области кои се занимаваат со производство,
маркетинг, продажба и дистрибуција на такви стоки и обезбедување на услуги кои
се однесуваат на нив.

Нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, врз
основа на прелиминарното испитување,
утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите
на Законот за заштита на конкуренцијата, но сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и
мислења за оваа концентрација.

Н.Н.Ф.

Фото: Пиксабеј

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy