
Брегот на слоновата коска ќе позајми селектор на неколку дена!
БСК е во звршни преговори со Француската фудбалска федерација да го добие Ерве Ренар за селектор за остатокот од Африканскиот куп на нации.
Тие се домаќини на првенството, се пласираа во нокаут фазата но како една од третите селекции во групите. Таквиот начин на квалификации не им се допадна на челниците на федерацијата, па му врачија отказ на Жан-Луј Гасе на среде првенство.
Ренар има големо искуство во водење селекции од тој дел на светот. Последно ја водеше Саудиска Арабија на мундијалот во Катар, а беше селектор и на Замбија, Ангола и Мароко.
Тој е актуелен селектор на женската фудбалска репрезентација на Франција.
