
Брејк на Фенербахче во Пиреа – Олимпијакос добро почна, лошо заврши
Олимпијакос имаше предност од 1-0 по првиот меч и извонредно тргна во вториот денеска, откако направи џиновски плус 14 (24-10) после првата четвртина. Но, потоа грчкиот гигант застана. Фенербахче во вториот се врати во мечот, во егал ја играше третата четвртина, а во завршната четвртина, на Олимпијакос му беа малку петте поени предност, кои брзо им се стопија.
Кога Фенербахче во самата завршница поведе со 77-76, потоа предноста не ја испушти и се избори за голема победа и израмнување во серијата. Едвардс со 16 поени беше најдобар поединец кај победникот, а Мотли и Хејс-Дејвид дадоа по 15, додека кај Олимпијакос, Слукас и Везенков дадоа по 18 поени.
