Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од  Македонија“
Магазин

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

13/05/2024

AA


Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска е промовирана книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ „Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи авторски бајки, чиј авторски израз се темели на традицијата за раскажување, а стилот и визуелниот изглед на бајките им се приближува на младите читатели, со што се придонесува за создавање на читачки навики кај оваа публика.

„Покажавме дека имаме голем и свеж креативен капацитет кај младите кои бараат шанса да ги покажат своите потенцијали. Многу сме горди што успеавме да создадеме платформа што овозможи тие да се изразат креативно, а како резултат на тоа се создадоа нови дела што станаа за кратко време едни од најпродаваните и најнаградуваните книги од Македонија.

Денес велиме добредојде на уште едно издание што произлегува од оваа креативна платформа. ’Браво сине‘ продолжува да гради можности за младите креативци и да реализира проекти од национален интерес“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

На промоцијата на збирката „Нови бајки од Македонија“, која се одржа во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обрати и Бранка Бугариска, директорка за издаваштво на „Арс Ламина“. „Во време на дигитализација е вистински предизвик да создадете книга што и со својата содржина и со својот изглед ќе биде допадлива за читателите. Имаме квалитетни автори и илустратори за да создадеме изданија во согласност со афинитетите на современата публика. Преку оваа соработка создадовме значајни дела што поставија нов стандард и ја збогатија современата македонска литература за деца. Нашата соработка продолжува и уверени сме дека ќе придонесеме за збогатување на македонската култура и издаваштво.“

Збирката „Нови Бајки од Македонија“ ја уреди Оливера Ќорвезироска, уредник во „Арс Ламина“, а илустрациите се на Орце Нинески. „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, реализираше значајни проекти од национална важност. На почетокот, со проектот „Бајки од Македонија“, македонското народно творештво се приближи до најмладите и доби нов современ лик, а потоа следуваа и проектите „Басни од Македонија“, „Бајки од Македонија за цела година“ „Мистериозното јајце“, „Современи бајки од Македонија“ и збирката „Детелинки-белинки“.

Нивната главна цел беше да се поттикне креативниот потенцијал на младите илустратори и автори од Македонија. Досега, на јавните конкурси на Движењето „Браво сине!“ се пријавиле над сто талентирани дизајнери-илустратори од земјава, а 313 автори доставиле 442 текста за новите едиции на „Современи бајки од Македонија“. Вкупно се издадени 80 бајки од Македонија, како и четири басни од Македонија.

За исклучителниот успех на проектот говори и податокот дека едицијата „Бајки од Македонија за цела година“ е вброена помеѓу 200 најдобри книги за деца и млади во светот што се дел од годишното издание на најпрестижниот каталог на литература за деца и младинци во светот – „Вајт рејвенс“ (The White Ravens), кој е дел од најголемите светски саеми за книги што се одржуваат во Франкфурт и во Болоња. Дел од книгите во споменатите едиции се преведени на седум јазици и на Брајовата азбука, а добитници се и на светски награди и признанија.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг-индустрија – Иво Лауренчиќ, кој во текот на целиот свој работен век им даваше несебична поддршка на младите и ги поттикнуваше да го изразат својот креативен потенцијал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy