
Браво момци, гордост сте!: Спасовски им ја честиташе победата на македонските фудбалери!
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, им ја честиташе победата на македонските фудбалери против екипата на Малта.
„Победа! По одличната игра и ремито со Италија, честитки од срце за македонската фудбалска репрезентација и за вечерашната победа во мечот со Малта! Браво момци, гордост сте“, напиша Спасовски на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.
