Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Братот на Сашо Мијалков го мерка пазарот на електрична енергија
Економија

Братот на Сашо Мијалков го мерка пазарот на електрична енергија

26/03/2024

AA

Владимир Мијалков, братот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и братучед на поранешниот премиер Никола Груевски, го зголемува својот интерес за бизнисот со електрична енергија според активностите и промените кои се забележани на Централниот регистар во изминатиот период.

Од средината на овој месец поранешниот советник на раководството на Царинската управа станал сопственик на компанијата „Перманент Сан ИТ“ на местото на извесна Даниела Нешовска. Фирмата е основана во октомври минатата година со дејност – производство на електрична енергија и со седиште во Кисела Вода.  Мијалков од пред десетина дена е и управител на ова друштво, кое засега нема лиценца за учество на пазарот на електрична енергија.

За разлика од „Перманент Сан ИТ“, која е новорегистрирано друштво, забележана е и промена на сопствеништво кај две поодамнешни фирми поврзани со Владимир Мијалков и истовремено за производство и трговија со електрична енергија.

Станува збор за „Косвинд“ и „Космак Винд Енерџи“, и двете од Скопје, Претходно медиумски беше објавено дека двете фирми датираат уште од 2011 и дека се раководени од блиско лице на братот на Сашо Мијалков. Од пред помалку од две недели, нов сопственик на овие две фирми, наместо „Инвалл Мак“ е „Адцрем“, компанија регистрирана во септември лани и со седиште во Карпош.

Владимир Мијалков беше советник на директорот на Царинската управа до 2018, кога си даде оставка на негово барање. За разлика од неговиот брат, Владимир беше во сенка на големите бизнис активности што ги преземаше Сашо Мијалков.

Семејството Мијалкови се поврзува со милионски бизниси со нафта, градежништво, обезбедување, хотели, недвижности, но во јавноста нема познати потфати на полето на електричната енергија.

Помладиот Мијалков како дипломиран економист добар дел од својот работен век го поминал во Царината каде што почнал да работи уште во 1999 година. Две години беше директор во Национална платежна картичка, фирма во која во управниот одбор едно време беше поголем дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ ГО ОБВИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА „МЕШЕТАРИ“ ВО СДСМ

10/11/2025
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Стабилно време дури после

09/11/2025
Македонија

Ѓорѓиевски: Со малку покажавме многу, видливо ги поправивме работите во

09/11/2025
Македонија

ФАТЕН 22-ГОДИШЕН ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН: Пијан со БМВ удрил во контејнери

09/11/2025
Македонија

ИЗЛИЗГАН КАМИОН ЦЕЛ ЧАС ГО БЛОКИРАЛ ПАТОТ СТРУМИЦА-НОВО СЕЛО Нема

09/11/2025
Македонија

МЕТЛАТА ЗАИГРА, БАГЕРИ ВЛЕГОА ВО ВАРДАР: Собрани 4.500 тони смет,

09/11/2025
Македонија

ИНЦИДЕНТ КАЈ СТРУГА: Од БМВ во движење пукано во воздух,

09/11/2025
Македонија

Инстаграм „експлодира“ во Македонија со 103.000 нови корисници, Фејсбук со

09/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ ГО ОБВИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА „МЕШЕТАРИ“ ВО СДСМ Лоби групи за рушење на

10/11/2025

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа

СЕДМИЦАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Стабилно време дури после среда

09/11/2025

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30

Ѓорѓиевски: Со малку покажавме многу, видливо ги поправивме работите во Градот Скопје

09/11/2025

Над 4 и пол илјади тони ѓубре е собрано во последните 72 часа, информираше вечерва новиот градоначалник на Град Скопје

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy