Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Братот на Сашо Мијалков го мерка пазарот на електрична енергија
Економија

Братот на Сашо Мијалков го мерка пазарот на електрична енергија

26/03/2024

AA

Владимир Мијалков, братот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и братучед на поранешниот премиер Никола Груевски, го зголемува својот интерес за бизнисот со електрична енергија според активностите и промените кои се забележани на Централниот регистар во изминатиот период.

Од средината на овој месец поранешниот советник на раководството на Царинската управа станал сопственик на компанијата „Перманент Сан ИТ“ на местото на извесна Даниела Нешовска. Фирмата е основана во октомври минатата година со дејност – производство на електрична енергија и со седиште во Кисела Вода.  Мијалков од пред десетина дена е и управител на ова друштво, кое засега нема лиценца за учество на пазарот на електрична енергија.

За разлика од „Перманент Сан ИТ“, која е новорегистрирано друштво, забележана е и промена на сопствеништво кај две поодамнешни фирми поврзани со Владимир Мијалков и истовремено за производство и трговија со електрична енергија.

Станува збор за „Косвинд“ и „Космак Винд Енерџи“, и двете од Скопје, Претходно медиумски беше објавено дека двете фирми датираат уште од 2011 и дека се раководени од блиско лице на братот на Сашо Мијалков. Од пред помалку од две недели, нов сопственик на овие две фирми, наместо „Инвалл Мак“ е „Адцрем“, компанија регистрирана во септември лани и со седиште во Карпош.

Владимир Мијалков беше советник на директорот на Царинската управа до 2018, кога си даде оставка на негово барање. За разлика од неговиот брат, Владимир беше во сенка на големите бизнис активности што ги преземаше Сашо Мијалков.

Семејството Мијалкови се поврзува со милионски бизниси со нафта, градежништво, обезбедување, хотели, недвижности, но во јавноста нема познати потфати на полето на електричната енергија.

Помладиот Мијалков како дипломиран економист добар дел од својот работен век го поминал во Царината каде што почнал да работи уште во 1999 година. Две години беше директор во Национална платежна картичка, фирма во која во управниот одбор едно време беше поголем дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН

02/11/2026
Македонија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

02/11/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА СДСМ КОГА ПРОПАЃАА БАНКИ, А НИВНИ МИНИСТРИ

02/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈОТОВА ЗА ПОБЕДАТА Со добра

02/11/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46499
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Дождовите ќе продолжат и

02/11/2026

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жали што коалицискиот партнер не

02/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и со проекти за развој на општина и за подобар живот

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА СДСМ КОГА ПРОПАЃАА БАНКИ, А НИВНИ МИНИСТРИ ОДНАПРЕД СИ ГИ ВАДЕА ПАРИТЕ

02/11/2026

Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните, соопшти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy