Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРАНКО АЗЕСКИ: Премиере, пред една година прашав што се случува со европската програма „Лајф“. Сега Ве информирам дека сѐ уште не е потпишана
Економија

БРАНКО АЗЕСКИ: Премиере, пред една година прашав што се случува со европската програма „Лајф“. Сега Ве информирам дека сѐ уште не е потпишана

18/04/2023

AA

СКСМ веќе доби два проекта од програмата „Лајф“, во вредност поголема од два и пол милиони евра, во областа на енергетската ефикасност, од кои едниот е национално поврзан со активностите кои треба да ги дефинираат новите цели за енергетска ефикасност до 2050 година

Европска програма „Лајф“, една од клучните европски програми за финансирање на климатските промени, енергетската ефикасност, на транзицијата кон чиста енергија, циркуларната економија и на природата на биодиверзитетот.

Оваа програма е исклучително важна и за реализирање на преговарачкиот процес, во кој цел еден кластер два им е посветен на зелената агенда и на одржливата поврзаност и е од исклучително значење за македонските компании, бидејќи примената, која ќе се цени на крајот на денот, значително ќе ги намали финансиските импликации поврзани со нивната примена.

Јас се извинувам што упорно ја користам јавноста, а не нашата лична комуникација, затоа што ценам дека преку тоа ги анимираме нашите компании спрема европските програми, што за мене како претседател на најстарата и најголема бизнис-асоцијација во државата е од исклучителна важност.

Токму поради тоа во оваа прилика сакам да Ве информирам дека активностите на Комората кон евроатлантските интеграции се одвиваат со несмалено темпо, бидејќи нам ни е сосема јасно дека политичките елити можат да го кочат тој процес, но не и нас, кои и технички и професионално мораме да ги завршуваме работите навреме. Тргнувајќи од премисата дека бизнис-заедницата е значаен фактор во создавањето на БДП, во плаќањата на даноците, во вработувањето и во создавањето нови работни места; согледувајќи ја потребата од поддршка и од јакнење на претприемништвото, реиндустријализацијата и на конкурентноста; воочувајќи дека прашањата со правосудниот систем, администрацијата и со кадарот се од клучна важност за поттикнување на економскиот раст и развој, Ви предлагам да се склучи договор за уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор, со кој ќе се регулираат нашите исклучително важни релации.

Во него би биле застапени задолжителната консултација на бизнисот при донесувањето на законските и на подзаконските акти, развивањето модел на економски развој, подигнувањето на квалитетот на јавната администрација, на социјалното партнерство и на трипартитниот дијалог и подобрувањето на состојбите во правосудството. Јас не сум идеалист, ниту, пак, сум приврзаник на теоријата дека бизнисот е сѐ. Јас само верувам дека можеме да се обидеме да го направиме ваквиот чекор зашто тој е неминовен. Глобализацијата е маркетиншка алатка за големите земји и корпорации, кои ја користат идеологијата на слободниот пазар за да влезат во нови земји и за да освојат нови пазари. Соработката меѓу нас е нужност и е во интерес на државата, а тоа, се разбира, повлекува и повеќе одговорности.

Да, јас сум тој што верува во таквиот договор. Верувам во знаење и во ревносно работење, но работењето 24 часа на ден од личните идеи и знаења не е доволно. Тоа се приказни за мали деца. За успех се потребни инфраструктура, политичка волја и институционален капацитет. Ајде заедно и да ги изградиме! 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy