Бранителот на трофејот РБ Лајпциг без мака во четвртфинале во Купот на Германија (ВИДЕО)
За едно полувреме, „биковите“ од Лајпциг дадоа два гола за да го расчистат патот кон следната рунда, па потоа само рутински го завршија мечот. И сѐ почна по осум минути со гол на Емил Форсберг на асистенција на Конрад Лајмер, кој потоа четири минути пред паузата ја дуплираше предноста.
Тимо Вернер на шест минути пред крајот стави печат на троумфот, седум минути откако Каспер Долберг даде гол за Хофенхајм за на кратко да ги врати надежите на неговиот тим дека можат да се вратат комплетно во мечот.
Вечерва се игра дуелот Мајнц – Баерн Минхен од оваа осминафинална фаза.