
Брачна двојка од Србија исчезна во Грција
Во Грција исчезна брачна двојка од Деспотовац, Србија.
Преку социјалните мрежи семејството од Србија ги бара Мирко и Мила Милосављевиќ кои во неделата пристигнале во Паралија, но оттогаш им се губи секаква трага.
„Во Грција моментално се трага по брачен пар од Деспотовац. Мирка и Миле Милосављевиќ не контактирале со децата од неделата кога пристигнале во Катерини Паралија“, објавено е на Фејсбук групата Грција инфо.
Летово српски граѓани беа загрижени за своите роднини кои отишле во Грција, но потоа се испостави дека тие не можеле да стапат во контакт, не се јавиле дома, затоа што немале интернет.
foto Facebook
