Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ ГИ БЕРАТ ПЛОДОВИТЕ НА УСПЕШНАТА ГОДИНА – ќе добијат дивиденди за лани од вкупно 208 илјади евра
Економија

БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ ГИ БЕРАТ ПЛОДОВИТЕ НА УСПЕШНАТА ГОДИНА – ќе добијат дивиденди за лани од вкупно 208 илјади евра

25/03/2024

AA

Акционерите на „Реплек“ имаат причини за задоволство. Компанијата на крајот
на април на Собрание на акционери ќе донесе одлука за распределба на дивиденда,
која ќе изнесува 300 денари по акција бруто и 270 денари во нето износ.

До акционерите на оваа успешна фармацевтска компанија веќе е објавен јавен
повик за учество на Собранието, кое е закажано за 25 април оваа година.

Голем број одлуки треба да донесат акционерите, а една од нив е одлуката за
распределба
на добивка по годишната сметка на компанијата
за минатата година.

Притоа, компанијата објави дека лани остварила добивка
по оданочување на сума од 2,6 милиони
евра, додека, пак, акумулираната добивка од минати години изнесува 1,1 милиони евра. Или, вкупно нераспределена добивка е 3,7 милиони евра.

А, вкупниот износ што е предвиден за дивиденда изнесува 1,16 милиони евра.

Се планира да се дели бруто износ од 3.000 денари по акција, и нето износ од 2.700 ден по акција

Во законски резерви ќе одат 1,38 милиони евра, а како акумулирана
добивка ќе останат 1,17 милиони
евра.

Ако нето дивидендата по акција изнесува 2.700 денари, Фактор направи
пресметка колку би зеле дивиденда најголемите акционери во компанијата.

Па така, Душан Пецоски, кој е и најголем акционер, а и генерален директор
на компанијата, кој располага со 11,98 отсто од акциите, а со оглед што
компшанијата има вкупно издадени 25.920 акции, излегува дека тој би зел
дивиденда на сума од над 136 илјади евра.

Неговиот брат, пак, Владимир Пецовски, кој има во свој посед 6,29 отсто од
акциите, ќе наплати на име дивиденда близу 72 илјади евра.

Слично толку како дивиденда од Реплек ќе земе и Биотек, сопствениците на
лаборатории, кои се нов акционер на Реплек и поседуваат 6,3 отсто од акциите,
што ќе им донесе безмалку 72 илјади како дивиденда.

Акционерот „Настел“, пак, на бизнисменот Зоран Азманов, ќе наплати
дивиденда од 107 илјади евра, според пресметките на Фактор.

На собранието ќе се донесе и одлука за утврдување на датуми при
исплата на дивиденда за 2023 година,
односно дивиденден
календар.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на
акционерите. Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2023 година е
15 мај, а прв
датум за тргување без право на дивиденда за 2023 година е 16 мај. Датум на стекнување на право на
дивиденда за 2023 година е 17 мај.
Исплата на дивидендата за 2023 година ќе започне од 03 јуни.

Акционерите ќе гласаат и за одлука за поделба на обичните
акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите Ќе се врши поделба на обичните акции во
сооднос 1 : 10 односно една обична акција се дели на 10 нови обични акции.

„Со
поделбата на обичните акции се врши намалување на поединечниот номинален износ
по акција од 562,42
евра на поединечен номинален износ по акција од 56,242 евра. Со поделбата на обичните акции основната
главнина на друштвото е поделена на 259.200 обични акции со поединечен
номинален износ по акција од 56.242 евра, а секој акционер (имател на акции) на
друштвото за секоја обична акција со поединечен номинален износ по акција од
562.42 евра пред поделбата на обичните акции на Друштвото, врз основа на оваа
одлука се стекнува со по 10 обични акции издадени од друштвото со поединечен
номинален износ по акција од 56.242 евра. Со поделбата на акциите основната
главнина на друштвото останува непроменета“, се вели во предлпог одлуката за која ќе се гласа на
Собрание на акционери.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy