Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска: Жените во науката и инженерството не се исклучок туку правило – Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM
Економија

Божиновска: Жените во науката и инженерството не се исклучок туку правило – Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

11/02/2025

AA

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката
за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба
со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа на науката,
инженерството и технологијата. На средбата учествуваа добитнички на Инженерски
прстен, како и девојки кои се дел од програмата Global Engineer Girls на
Групацијата Лимак.

Овие млади жени, кои веќе се впуштиле во инженерството и научната
дејност, ги споделија своите искуства, предизвици и успеси, истакнувајќи ја
важноста на поддршката и можноста за учество во STEM областите. Средбата беше
исполнета со инспиративни приказни, идеи и заеднички цели за промовирање на
овие критични области меѓу младите жени во Македонија.

Министерката Божиновска истакна дека поддршката за зголемување на бројот
на девојки и млади жени,посебно во
инжинерството и областите енергетика и рударство, е една од приоритетните цели на
министерството. Таа ги охрабри учесничките да продолжат да се трудат и да
веруваат во своите способности, истакнувајќи дека жените имаат значаен удел во
економскиот и општествениот напредок на државата.

„Македонија е една од ретките земји каде што бројот на жени истражувачи
е над 50% од вкупниот број истражувачи, што е показател за огромниот потенцијал
што го имаме. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да застанеме – напротив,
потребна е уште поголема поддршка за девојките и младите жени да се охрабрат и
да ги следат своите интереси во науката, инженерството и енергетиката“, истакна
министерката Божиновска.

На средбата се разговараше и за идните иницијативи кои ќе ги
поттикнуваат младите жени да се вклучат во STEM областите. Меѓу нив се и
менторските програми и програмите за практикантство во државните институции и
компании, како што се ЕСМ, МЕПСО, МЕМО – Македонската берза на струја, како и
во рударскиот сектор. Овие програми имаат за цел да им овозможат на младите
жени реално искуство и поддршка за нивниот професионален развој.

Учесничките ја потенцираа важноста од поголема видливост на успешните
жени во науката и инженерството, како и потребата од заеднички иницијативи за
популаризација на овие професии меѓу младите девојки. Тие изразија подготвеност
за соработка со Министерството во промоција на STEM професиите со цел во иднина
да има уште повеќе млади инженери и научници кои ќе придонесуваат за развојот
на Македонија.

„Жените во науката и инженерството не се исклучок, туку правило што мора
да се поддржи и унапреди. Полот не е пресуден за успех – квалитетот, трудот и
посветеноста се клучните фактори. Наша обврска е да ги обезбедиме сите можности
што ги заслужуваат“, истакна министерката Божиновска.

Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, усвоен од
Обединетите нации во 2015 година, има за цел да го истакне значењето на
родовата еднаквост во СТЕМ професиите. Овој ден е потсетник дека светот не смее
да биде лишен од потенцијалот, интелигенцијата и креативноста на жените, кои
често се соочуваат со нееднаквости и предрасуди.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува
посветено на унапредување на родовата рамноправност и активно ќе работи на
создавање услови за зголемување на бројот на жени во енергетиката,
инженерството и науката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy