Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска во Вруток, срцето на македонската хидроенергија! И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот!
Економија

Божиновска во Вруток, срцето на македонската хидроенергија! И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот!

22/02/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, ја посети Хидроелектраната Вруток, во рамки на нејзините заложби за
редовна проверка на сите енергетски капацитети во земјата. Оваа посета е дел од
континуираните активности на Министерството за следење на состојбата на
клучните енергетски објекти и подобрување на нивната ефикасност.

ХЕЦ Вруток, како најголема електрана во рамки на Мавровскиот
хидроенергетски систем, игра стратешка улога во македонскиот електроенергетски
систем. Со инсталирана моќност од 165,6 MW и просечно годишно производство од
350 GWh, Вруток е клучен фактор во обезбедувањето стабилност на снабдувањето со
електрична енергија.

„Континуираниот надзор и инвестиции во хидроелектраните се суштински за
енергетската безбедност на земјата. Нашата цел е да ја зголемиме ефикасноста,
сигурноста и одржливоста на хидропотенцијалот што го имаме. Мавровскиот
хидроенергетски систем е столбот на обновливото производство на електрична
енергија во Македонија, и затоа е важно да се одржува со највисоки стандарди“,
изјави министерката Божиновска.

И покрај предизвиците со ниската кота на Мавровското Езеро (2,74 m под
нивото од 2023 г.), преку реорганизација и оптимално планирање, ХЕС „Маврово“
постигна производство од 493,27 милиони kWh во 2024 година – за 28%
над планот
. Ова придонесе за стабилно снабдување со енергија во земјата и
задоволување на потребите во периоди на врвна потрошувачка.

Мавровскиот хидроенергетски систем, кој покрај ХЕЦ Вруток ги опфаќа и
ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен, со вкупна инсталирана моќност од 200 MW и годишно
производство од околу 450 GWh, претставува еден од најголемите и најсложените
во земјата. Водите што се влеваат во езерото се собираат од површина од над 500
километри квадратни од планининските масиви на Кораб и Шар Планина. Водата се
пренесува со канали и цевководи долги над 130 километри. Со акумулација од 275
милиони кубни метри вода, овој систем е од критично значење за енергетската
одржливост и балансирање на производството од обновливи извори

Во текот на посетата, министерката Божиновска се запозна со тековните
активности за одржување и планираните инвестиции во модернизација на
постројките. Во последните декади, системот беше предмет на три фази на
ревитализација
, со вкупна инвестиција од преку 60 милиони евра.
Последната фаза од ревитализацијата, завршена во 2014 година, овозможи
зголемување на инсталираната моќност за дополнителни 18,58 MW и годишното
производство за 40 GWh. Дополнително, ревитализацијата придонесе за намалување
на емисиите на CO₂ за 36.400 тони годишно.

Во наредните години, се планира реализација на третата фаза на
ревитализација
, Овие активности ќе осигурат продолжување на животниот век
на објектите, зголемување на нивната сигурност и стабилност, како и
дополнителни економски придобивки. Дополнителни приходи од околу 2,5 мил. евра
од зголеменото производство и околу 2,5 мил. евра од системски балансни услуги.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи
со стратегијата за развој на хидроенергијата, а во наредниот период се
предвидени нови инвестиции за зголемување на ефикасноста на постоечките
капацитети и подобрување на нивната стабилност. Со вакви активности,
Министерството го потврдува својот фокус на енергетската транзиција и одржливо
производство на електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy