Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска во ветерен парк Богданци: Нови турбини, повеќе струја, помалку загадување – Македонија поблиску до енергетска независност
Економија

Божиновска во ветерен парк Богданци: Нови турбини, повеќе струја, помалку загадување – Македонија поблиску до енергетска независност

02/02/2025

AA

Министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посети Паркот на ветерни
електрани (ПВЕ) Богданци, првиот ваков објект во Република Македонија кој го
користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Во
придружба на официјални претставници од АД ЕСМ, г. Иван Стојановски, директор
за финансии, и г. Гоце Џамбазовски, помошник директор за обновливи извори,
министерката се запозна со тековните активности и идните планови на овој
значаен енергетски капацитет.

Министерката
беше запознаена со инфраструктурата на паркот, вклучувајќи ја командната соба,
сервер салата и трафостаницата, која е клучна за функционирањето на целиот
комплекс. Посети и една од турбините, каде министерката имаше можност да го
види влијанието на проектот во реални услови. Инсталираната моќност на секоја
од турбините е 2.3 MW, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на
елисата изнесува 93 метри.

„Ветерните
паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се
клучот кон одржлива иднина и економски раст кој не ги загрозува ресурсите на
идните генерации“, истакна министерката Божиновска.

Во текот
на обиколката, Џамбазовски истакна дека ПВЕ Богданци не само што е пример за
успешна инвестиција во обновлива енергија, туку и значаен придонес кон
националниот електроенергетски систем.

„
Турбините се производство на Сименс – Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во
својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 MW
и годишно произведува околу 100 GWh природно одржлива енергија, што е доволно
за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилните
горива и придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2“, рече Џамбазовски.

Министерката
Божиновска беше информирана за плановите за втората фаза на проектот, ПВЕ
Богданци 2, која ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 MW капацитет. Оваа фаза е
дел од пошироката стратегија на владата да го зголеми учеството на обновливите
извори на енергија до 45% од вкупното производство до 2030 година.

Во оваа
фаза е предвидено поставување на дополнителни 4 ветерни турбини, секоја со
инсталирана моќност од 3,4 МW, со што вкупната инсталирана моќност ќе се
зголеми на околу 50 MW, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37
GWh.

Министерката
Божиновска ја истакна важноста на ваквите проекти за енергетската независност и
одржливиот развој на земјата:

„Ветерните
паркови не само што придонесуваат за заштита на животната средина, туку и
обезбедуваат стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија за нашите
граѓани. Паркот на ветерни електрани Богданци останува симбол на енергетската
иднина на нашата земја, покажувајќи дека со правилни инвестиции и посветеност
кон одржливи решенија, можеме да обезбедиме подобра и почиста иднина за сите
нас.“

Ветерните
паркови, како оној во Богданци, се клучни за намалување на емисиите на
стакленички гасови и за борба против климатските промени. Тие обезбедуваат
чиста енергија, намалувајќи ја зависноста од увоз на енергија и создавајќи нови
работни места. Покрај економските придобивки, ветерните паркови придонесуваат
за енергетска независност и стабилност, што е особено важно за земјите како
Македонија.

Со
изградбата на втората фаза, ПВЕ Богданци ќе стане уште поголем играч на
македонскиот енергетски пазар, придонесувајќи за економски раст и зелена
транзиција. Ова е јасен сигнал дека Македонија е посветена на одржливи
економски решенија кои ги балансираат економските, социјалните и еколошките
интереси.

1. Тековна
состојба на ПВЕ Богданци:

  • Број
    на турбини:
    16
  • Инсталирана
    моќност:

    36,8 MW (16 x 2,3 MW)
  • Годишно
    производство:
    околу 100 GWh
  • Снабдување
    со електрична енергија:
    доволно за околу 60.000 граѓани

2.
Планирана втора фаза (ПВЕ Богданци 2):

  • Број
    на дополнителни турбини:
    4
  • Дополнителна
    инсталирана моќност:
    13,2 до 15 MW (секоја со инсталирана
    моќност од 3,4 МW)
  • Годишно
    производство:
    дополнителни 37 GWh
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy