Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија
Економија

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

20/06/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети хидроелектраната
„Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот,
безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на
производните перформанси.

Хидроелектраната
„Козјак“, која е дел од производниот систем на АД „ЕСМ“, располага со
инсталирана моќност од 80 мегавати и служи како еден од клучните столбови за
производство на електрична енергија од обновливи извори, но и како заштита од
поплави на сливот на реката Треска.

Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални
суровини, затекната беше исклучително тешка хидролошка состојба. Нивото на
водостојот во акумулациите беше под алармантни 4%, што сериозно ја загрозуваше
енергетската стабилност на државата. Но, преку одговорно и домаќинско
менаџирање, координација со институциите и стратешко планирање на
производството, денес состојбата е значително подобрена. Последните податоци
покажуваат дека водостојот во акумулациите надминува 50% – јасен показател дека
системот се стабилизира.

Министерката
Божиновска истакна дека „Козјак“ претставува значаен дел од енергетскиот систем
кој има повеќекратна функција.

„ХЕ ’Козјак‘ е
пример за одржлива инвестиција – произведува чиста енергија, штити од поплави и
позитивно влијае на локалната микроклима. Овој капацитет ја покажува вредноста
на стратешкото планирање во енергетиката.“ изјави министерката Божиновска.

За време на
посетата, министерката беше информирана од страна на раководството на ХЕ
„Козјак“ и претставниците на АД „ЕСМ“, дека објектот се одржува согласно
највисоките безбедносни и еколошки стандарди, со редовен мониторинг на
состојбата на браната, нивото и квалитетот на водата, како и биодиверзитетот во
езерото.

Министерството за
енергетика најавува дека во следниот период ќе се работи на подготовка на
студии за можни подобрувања: зголемување на капацитетот, подобрена
автоматизација и воведување на нови технологии за управување со резервите на
вода.

„Ќе продолжиме со
инвестиции во модернизација на постојните капацитети и во развој на нови
проекти од хидроенергетиката. Нашата цел е јасна: стабилен, чист и независен
енергетски систем.“ нагласи министерката Божиновска.

Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со активен теренски
надзор и координација со сите надлежни институции за оптимално искористување на
хидропотенцијалот на државата, со цел развој на енергетскиот сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy