Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност
Економија

БОЖИНОВСКА СЕ СРЕТНА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Разговараа за подобрување на енергетската ефикасност

28/10/2024

AA

Mинистерката за енергетика, рударство и миниреални суровини, Сања Божиновска се сретна  со градоначалникот на општина Битола, Тони
Коњановски. 

„Драго
ми е што со денес реализирав продуктивна средба со Градоначалникот на Битола,
каде што разговаравме за досега имплементираните проекти и решенија, за
можностите за подобрување на енергетската ефикасност и одржливите практики низ
општината и веќе изготвените 5 проекти со кои Општина Битола има за цел да го
започне процесот на транзиција кон зелена енергија.  Го поздравувам проактивниот пристап на
Градоначалникот за интегрирање на мерките за обновлива енергија и енергетска
ефикасност во развојните програми на Битола, посебно за проектот за
гасификација. Оваа посветеност се усогласува со нашите национални приоритети и
нѐ носи чекор поблиску до почиста, поодржлива енергетска иднина за сите
граѓани“, вели таа. 

Божиновска денеска
беше во работна посета на РЕК „Битола“. 
Придружувана од раководството на Комбинатот и од членови на Управниот
одбор на АД ЕСМ, Божиновска непосредно беше информирана околу актуелните
состојби, преземените  активности и
идните планови за  најголемиот производствен
капацитет  на електрична енергија во
земјава.

„За
жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем
производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно  ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран,  а веќе влеговме во грејна сезона. Таа
постројка според оперативниот  план,
требало да подложи на ремонтни
зафати
во март годинава, односно веднаш по
завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано.  Колку што е 
возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на
РЕК Битола  го подготвија овој капацитет
да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и  периодично да
се вклучува во електроенергетската мрежа“, рече Божиновска.  

РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот
биланс за овој период, со два блока.  Во
претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот
блок. 

„Свесни сме дека станува
збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги
знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните
процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на
домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите
потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија
во текот на зимата“- рече Божиновска.  

При посетата на
рудниците „Суводол“ и „Брод- Гнеотино“, министерката Божиновска беше запознаена
со согледаните состојби во тие јагленокопи веднаш по промената на раководните
тимови.

„
Ништо подобро не било и во јагленокопите во РЕК Битола, особено во Суводол.
Таму воопшто не се работело според постојните рударски проекти, па јагленокопот
е затекнат без откриен јаглен. Со целосна реорганизација и натчовечки
напори  на вработените,  состојбите полека се консолидираат, но секако
ќе биде потребно одредено време да се дојде до поголеми и поквалитетни количини
на јаглен кои ќе придонесат и за поголемо производство на електрична енергија.
Во моментов, на депонијата во РЕК Битола има резерви од околу 200.000 тони
јаглен. Најголемиот дел се обезбедува од ПЈС Суводол и Брод –Гнеотино. Дел
од  овој енергент се увезува од Грција,
врз основа на постоечки договор од март годинава.  Она што е значајно во однос на увозот на
јаглен,новото  раководство на АД ЕСМ
успеа да испреговара  намалување на
цената на услугата, со што компанијата ќе заштети повеќе од три милиони евра
кои ќе бидат насочени кон инвестициски активности.

РЕК
Битола, нагласи Божиновска,  е всушност и
еден од нашите најголеми приоритети во периодот што доаѓа. Една од целите ќе ни
биде модернизација на комбинатот во техничко-технолошка смисла и значително
подобрување на перформансите за производство. Истовремено, ќе преземеме чекори
за намалување на загадувањето преку промена на електростатските филтри.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy