Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска од Виена: Оптимизам за енергетската иднина на Македонија
Економија

Божиновска од Виена: Оптимизам за енергетската иднина на Македонија

04/11/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на 21. Виенски Економски
Форум (ВЕФ) – „Виенски
дијалог за иднината 2024“ во Виена, Австрија. Како дел од овогодинешната тема, „Регионалната економија
како дел од европската и глобалната економија“, Виенскиот Економски форум на едно место ги
обедини лидерите од цела Европа кои разговараа за клучните економски и
политички прашања што ја обликуваат иднината на регионот.

Она што денес го слушнав го зајакна мојот оптимизам за енергетската
иднина на Македонија, особено во доменот на енергетската одржливост,
економската конкурентност и одговорноста за животната средина, изјави Божиновска.

“Чест ми е што имав
можност да ја претставувам нашата држава на 21. Виенски економски форум, каде
што имав можност да бидам дел од исклучително важна дискусија за заедничката
одговорност на економијата и политиката за обезбедување одржлива европска иднина.
Како дел од панелот, заедно со останатите учесници имав прилика да разменам
ставови како државите можат колективно да ја зајакнат економската отпорност, да
ја продлабочат посветеноста на енергетската транзиција и да се справат со
предизвиците што ги носат глобалните промени во енергетскиот сектор.

Една од клучните теми на кои дискутиравме беше како преку добро
поставени стратегии за одржлива енергија, инвестиции во обновливи извори на
енергија и одговорни практики за рударство може истовремено да се поттикне економски раст и да се обезбеди грижа за
животната средина. Во таа смисла ја потенцирав важноста на вакви
настани, кои се суштински за споделување добри практики и искуства. А преку
поголема соработка и надградување на капацитетите дома.

За нашата држава,
учеството во ваквите дискусии не е само политика, туку и одраз на нашата
тековна работа и стратегија за интегрирање на обновливите извори на енергија,
поддршка на економската стабилност и создавање силни партнерства. Посветени сме
на развој на долгорочен стратешки пристап кој интегрира неколку сегменти –
промовирање политики кои се усогласени со енергетските стандарди на ЕУ,
намалување на нашата зависност од конвенционалните ресурси и прифаќање еколошки
практики во нашиот енергетски и рударски сектор.

Учеството на собири
како Виенскиот Економски форум ја нагласуваат важноста и улогата на нашата
држава во поширок, европски контекст и исклучително големата важност на  обединетиот пристап кон овие предизвици. Она
што денес го слушнав го зајакна мојот оптимизам за енергетската иднина на
Македонија, особено во доменот на енергетската одржливост, економската
конкурентност и одговорноста за животната средина.

Со продолжување на
соработката со нашите европски и меѓународни партнери, убедена сум дека
постепено, со паметни решенија и мерки, ќе ја изградиме нашата енергетска независност
по европски стандарди,“ изјави Божиновска.

Министерката
Божиновска учествуваше на третата сесија на форумот, насловена како “Заедничка
одговорност на економијата и политиката за сигурна европска иднина“. На која се
дискутираше за колективната одговорност на политичките и економските сектори за
обезбедување стабилна, одржлива и просперитетна иднина за Европа.

Учеството на
Министерката Сања Божиновска на Виенскиот Економски Форум е приказ на посветеноста
на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и на нашата
држава кон размена на искуства со европски и светски експерти, кон
партиципирање во дијалозите и придонесување кон европската агенда за одржлив
раст, унапредување на енергетската ефикасност и зацврстување на регионалната
стабилност.

Преку своето
учество и остварените средби, министерката продолжува да работи на зајакнување
на соработката со европските партнери за позелена, посигурна и поотпорна
енергетска иднина во државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy