Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција  е полна со предизвици
Економија

Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици

02/10/2024

AA

Додека државите ширум светот,
вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија
и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите
и стратешки да планираме нови проекти. Живееме во реалност кога сè што е
поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, па соодветно на тоа
и темата на годинешниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата,
политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и
заштитата на животната средина. Ова го порача министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини Сања Божиновска 
во својство на говорник, во рамките на реномираната меѓународна
конференција „Енергетика 2024“. 

Во своето обраќање,  Божиновска се осврна на значењето на производството
и дистрибуцијата на енергија како основа на економскиот раст и стабилност.

„ Влегуваме во ера на чиста
енергија, енергетска ефикасност и технолошки напредок, која ќе ни овозможи
намалување на емисиите на јаглерод и истовремено обезбедување сигурен и
достапен пристап до енергија за сите. Ова нѐ води до една од клучните теми на конференцијата: енергетската
транзиција. Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во
обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната
енергија. Македонија не е исклучок, затоа што правивме значителни чекори во проширување
на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и
ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со
предизвици“, нагласи Божиновска.

Политичките рамки, исто така,
играат значајна улога во енергетската транзиција. Политиките мора да бидат
насочени кон поддршка на преминот кон чиста енергија, додека ги адресираат и
социо-економските аспекти на овој процес.

Владите, смета Божиновска,
треба да обезбедат јасни и предвидливи регулаторни услови кои ќе поттикнуваат
инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Ова нѐ води до втората критична тема на
конференцијата: одржлив развој на енергетските системи што ги градиме денес, ќе
имаат далекусежни последици за идните генерации. Нашата одговорност е да
осигураме дека тие системи се одржливи, отпорни и прилагодливи на променливите
потреби на општеството и животната средина. Одржливиот развој во енергетскиот
сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и
промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна
потрошувачка на енергија.

„Оваа значајна конференција во
организација на ЗЕМАК не е само можност за размена на знаења, туку и повик на
акција. Идеите што ќе ги размениме и партнерствата што ќе ги изградиме овде ќе
ја обликуваат иднината на енергетиката во земјава, регионот и светот. Да ја
искористиме оваа можност за да создадеме нови соработки, да истражиме најнови
технологии и да развиеме стратегии што ќе нè водат кон почиста, одржлива и
сигурна енергетска иднина. Заедно, можеме да ги надминеме предизвиците и да
изградиме подобар, позелен свет за идните генерации“ порача министерката
Божиновска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy