Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска од Атина: Македонија не е повеќе пасивен набљудувач – инвестираме, поврзуваме и градиме независен енергетски систем кој ќе ја зајакне стабилноста на целиот регион
Економија

Божиновска од Атина: Македонија не е повеќе пасивен набљудувач – инвестираме, поврзуваме и градиме независен енергетски систем кој ќе ја зајакне стабилноста на целиот регион

05/02/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, учествуваше на
Енергетскиот самит во Атина, Грција, каде што беше говорник на панелот со
наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“.

Во своето
обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергијата не е само економски
сектор, туку и стратешки ресурс, дипломатска алатка и безбедносен императив.
Таа нагласи дека Македонија, како земја на крстопатот на Југоисточна Европа, се
соочува со предизвици и можности во контекст на глобалните енергетски промени.

„Енергијата веќе
не е само економски сектор – таа е стратешки ресурс, дипломатска алатка и
безбедносен императив. Глобалните енергетски промени ни покажаа дека ниту една
земја не може да си дозволи целосна зависност од надворешни извори. Лидерите на
21 век ќе бидат оние што ќе преземат одлучни чекори за диверзификација на
енергетските извори, инвестиции во домашното производство и зајакнување на
регионалната соработка. Македонија беше зависна од увоз на енергија, но денес
ја менуваме таа приказна. Инвестираме во обновливи извори, градиме модерна
енергетска инфраструктура и креираме законска рамка што го привлекува
приватниот капитал. Нашата цел не е само стабилно снабдување со енергија –
сакаме да бидеме енергетски независна држава и активен чинител на регионалниот
пазар на енергија. “

Министерката ги
презентираше напорите на земјата за постигнување енергетска независност преку
инвестиции во обновливи извори на енергија, како што се соларните проекти
„Битола 1“ и „Осломеј 2“ со капацитет од 30 MW, кои ќе произведуваат 46 GWh
годишно, доволно за 7.000 домаќинства, со што ќе се намалат 40.000 тони CO₂
емисии годишно. Исто така, таа го спомена и развојот на ветерниот проект во
Штип со капацитет од 400 MW.

Божиновска ја
потенцираше важноста на регионалната соработка за енергетска безбедност,
истакнувајќи ги проектите за интерконекција со Грција, со кои земјата не само
што ќе заштеди 12 милиони евра годишно, туку и ќе ја зајакне стабилноста на
целиот регион. Таа исто така ги истакна законодавните реформи во енергетскиот
сектор, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика, усогласен со директивите на
ЕУ, и Законот за обновливи извори на енергија, кој отвора можности за батериско
складирање, децентрализирано производство на енергија и интеграција на паметни
мрежи.

Министерката
Божиновска ја заврши својата презентација со повик за заедничка работа и
партнерство за изградба на енергетски безбедна Европа и одржлив свет.

Енергетскиот самит
во Атина е водечка конференција во енергетската индустрија,

Енергетскиот самит
(Athens Energy Summit) се одржува по 14 пат, традиционално ги обединува  глобалните лидери за дискусија на критични
прашања поврзани со енергијата и нејзината иднина.

Министерката
Божиновска, на маргините на Самитот во Атина, оствари и билатерални средби со
министерот за животна средина и енергија на Грција, Теодорос Скилакакис и министерот
за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Џорџ Папанастасиу.

Фокусот на
разговорите беше важноста на меѓународната соработка за забрзување на
енергетската транзиција, продлабочување на соработката во областа на
обновливите извори на енергија, со акцент на примената на батериски системи,
моделите за субвенции за домаќинства што инвестираат во фотоволтаици и размена
на искуства во енергетската регулатива.

Министерот
Папанастасиу ја покани министерката Божиновска во официјална посета на Кипар,
со цел продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор. Во
знак на партнерство, министерката Божиновска возврати со покана, со цел
продолжување на дијалогот и конкретизирање на идните заеднички проекти.

Министрите ја
потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството во
клучни енергетски проекти од регионално значење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy