Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БОЖИНОВСКА: Нашите млади се највредниот ресурс – да не ги изгубиме
Економија

БОЖИНОВСКА: Нашите млади се највредниот ресурс – да не ги изгубиме

25/09/2024

AA

Синергијата помеѓу образованието и бизнисот е една од клучните работи за да се намали миграцијата на
младите.

Министерката за енергетика, рударство и минерални
суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на конференција во Скопје насловена
„Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во
Северна Македонија“ во организација на Амбасадата на Република Словенија со
Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Македонската студентска
организација во Словенија (МСОС).

Министерката Божиновска во својот говор истакна дека сите
земји во регионот, вклучително и нашата земја се соочуваат со огромен
предизвик, а тоа е миграцијата на младите.

Како нација, горди сме на талентот и потенцијалот на
нашите млади, но истовремено сме длабоко загрижени од растечкиот тренд на
иселување. Премногу од нашите умови решаваат да ја побараат својата иднина
надвор од земјата и ова мора да се реши, потенцираше министерката Божиновска во
своето обраќање.

,,Податоците се алармантни. Не сакам да зборувам за
бројки бидејќи нашите идни лекари, инженери, наставници и лидери не се бројка,
тие се луѓе кои заминуваат. Причините за нивното заминување се јасни:
незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во
институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме, ниту пак онаа за
која сме посветени да ја изградиме
” истакна Божиновска на денешната конференција што се
одржа во Скопје
.

Пред присутните на конференцијата министерката Божиновска
истакна дека сите мора да се запрашаме како можеме да создадеме средина каде
младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да
се вратати како да
обезбедиме  Македонија да понуди исти или
дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова, рече таа, е
предизвик што не можеме да го решиме поединечно туку е потребна  колективна акција.

,,Го кажувам ова од лично искуство. Како многу млади
Македонци, и јас ја напуштив земјата за да студирам и работам во странство.
Можностите за развој и напредок беа многубројни, но секогаш нешто ме влечеше
назад – желбата да придонесам за иднината на земјата што ја сакам. Моето
враќање
не
беше само лична одлука, туку заложба за вербата дека промената е возможна
. И знам дека многу од нашите млади кои заминале го
чувствуваат истото. Но за тие да се вратат, мораме да создадеме услови кои ќе
го направат враќањето не само можност, туку и реална шанса
” потенцираше министерката Божиновска.

Taa истакна дека конференциите како денешната се многу важни,
за да се подигне свеста дека синергијата помеѓу образованието и бизнисоте клучна.

,,Нашите образовни институции мора да бидат усогласени со
потребите на пазарот, а бизнисите мора да бидат подготвени да понудат можности
за значајни и успешни кариери. Не е доволно само да се понудат работни места,
треба да обезбедиме патеки за нашите млади да иновираат, да се развиваат и да
водат. Само преку соработка
можеме да создадеме иднина во која младите ќе ја гледаат
Македонија како место каде што можат целосно да го остварат својот потенцијал
” изјави министерката Божиновска.

Имаме можност, но и одговорност заедно да го промениме
овој тренд и да создадеме средина која ќе привлекува и задржува таленти. Гласот
на нашите млади ејасни –
тие сакаат стабилност, можности и шанса да изградат живот кој ги одразува
нивните амбиции. Мораме да ги слушаме и мораме да делуваме. Убедена сум дека
многу повеќе млади ќе се вратат ако им понудиме вистински причини. Потенцијалот на Македонија е огромен, а нашите млади се
највредниот ресурс. Да не ги изгубиме, кажа во својот говор Божиновска. На крајот
од своето обраќање министерката за енергетика истакна дека  иднината на нашата земја не е во рацете на
ниту еден сектор, туку во заедничките напори да ја направиме Македонија место
каде младите ја гледаат својата иднина, каде не само што ќе сакаат да останат,
туку каде ќе сакаат да се вратат и да придонесат за изградба на општеството кое
сите го замислуваме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОНЕВЕРА ОД 110.000 ЕВРА Пет години лажел

16/10/2026
Македонија

🎥 ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ЈАВНО КАЖА ДЕКА БУГАРИЈА ИМАЛА ФАШИСТИЧКА

16/10/2026
Македонија

ПЛЕНКОВИЌ ЈА СПОМНА МАКЕДОНИЈА, ГЕРМАНИЈА ГО ПРИТИСКА ЗА ЦРНА ГОРА

16/10/2026
Македонија

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КИСНЕ НА ИНТЕРНЕТ Речиси девет од десет граѓани

16/10/2026
Македонија

ГЕРАСИМОВСКИ ИМА МИСИЈА ДА ГО ОБЕДИНИ СДСМ Ќе најдат ли

16/10/2026
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46200
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОНЕВЕРА ОД 110.000 ЕВРА Пет години лажел во извештаите за регистрација на

16/10/2026

47 годишен скопјанец е осомничен дека во период од пет години присвоил 6.803.900 денари од надоместоци што се наплаќале при

🎥 ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ЈАВНО КАЖА ДЕКА БУГАРИЈА ИМАЛА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ Ги нарече фалсификатори тие

16/10/2026

Лидерот на бугарската партија „Преродба“ (Възраждане), Костадин Костадинов, во видеообраќање објавено на социјалните мрежи отворено изјави дека Бугарија во периодот

ПЛЕНКОВИЌ ЈА СПОМНА МАКЕДОНИЈА, ГЕРМАНИЈА ГО ПРИТИСКА ЗА ЦРНА ГОРА „Ова е различно од 21

16/10/2026

Две држави членки на Европската Унија ѝ одзеле на Македонија 21 година од нејзиното институционално приближување кон Унијата, изјави Андреј

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy