Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска на меѓувладината седница во Будимпешта: „Градиме модерна и одржлива енергетска иднина со Унгарија
Економија

Божиновска на меѓувладината седница во Будимпешта: „Градиме модерна и одржлива енергетска иднина со Унгарија

04/03/2025

AA

Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања
Божиновска, учествуваше на Втората меѓувладина седница меѓу владите на
Македонија и Унгарија, која се одржа во Будимпешта.

Божиновска, имаше обраќање на заедничкиот состанок на владите на
Македонија и Унгарија, нагласувајќи ја важноста на енергетската соработка како
клучен фактор за економски развој и енергетска безбедност.

Во своето излагање, министерката ги истакна реформите што Македонија ги
спроведува во енергетскиот сектор и потенцијалот за соработка со Унгарија во
областа на обновливите извори, модернизацијата на енергетската инфраструктура и
иновациите во енергетската ефикасност.

„Македонија ја прифаќа иднината со смели енергетски реформи, при што
новиот Закон за енергетика не е само технички документ, туку стратешка алатка
што ќе привлече инвестиции, ќе ја зголеми енергетската независност и ќе ги
забрза обновливите извори. Работиме интензивно на решенија за да привлечеме
поголеми инвестиции во енергетскиот сектор, да ја зголемиме енергетската
независност на нашата земја, да го забрзаме развојот на обновливите извори на
енергија, и да ги усогласиме нашите енергетски стандарди со највисоките
европски норми“, истакна Божиновска.

Министерката Божиновска ја потенцираше природната предност на Македонија
со над 280 сончеви денови годишно, што ја прави земјата природен центар за
соларна енергија. Исто така, министерката истакна дека вратите на Македонија се
отворени за инвестиции, со цврста посветеност да се создаде енергетски систем
што ќе биде од корист за сите.

Министерката истакна дека ова партнерство со Унгарија е пример како
стратешките соработки можат да донесат конкретни резултати, од подобрување на
енергетската ефикасност до зголемување на интерконективноста и развој на
иновативни енергетски решенија.

„Преку соединување на нашите визии, експертиза и ресурси, можеме да
создадеме поотпорни енергетски системи што ќе обезбедат сигурно, чисто и
достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и економии. Ова не е само
заедничка визија, туку и заедничка обврска – да изградиме сигурен, модерен и
одржлив енергетски систем што ќе ги задоволи потребите на нашите граѓани и
економии“, подвлече Божиновска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy